Во поранешните советски републики САД имаат сериозни проблеми со имиџот – не само во Русија, туку и во Азербејџан, Киргизија, па дури и во Украина. Обичните луѓе ги гледаат САД како суперсила која сака да владее со светот, која безобразно се меша во внатрешните работи на други држави, цинично водејќи се од сопствените интереси, пишува „Њузвик“, а пренесува „РТ“.
Истовремено граѓаните на овие земји со почит и восхит се однесуваат спрема економската моќ на САД, нивниот технолошки напредок, нивната култура и во одреден степен дури и на нивните политички институции.
Резултатите се добиени од истражувањето спроведено во периодот од април до август 2014 година врз 18 фокусни групи во различни градови на Русија, Азербејџан, Киргизија и Украина.
За да ја воспостави својата „мека сила“ во тој регион, САД треба да ја намалат директната поддршка на НВО во поранешните советски републики, како и во другите земји каде нема потреба од соработка по линија на граѓанското општество.
Нудејќи им на тие организации финансиска помош, САД им вршат мечкина услуга: власта ги прикажува тие донации како доказ за американското мешање во внатрешните работи и како резултат страда репутацијата и на самите Соединетите Држави, и на локалните НВО кои ги добиваат американските грантови.
Наместо тоа, САД треба да ги фокусираат своите напори на програми кои ќе им раскажуваат на луѓето како е изградено американското општество. Треба да развиваат различни програми за размена, да развиваат дијалог во различни формати, да придонесуваат за туризмот и културната размена, сметаат социолозите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче