Лавров: Хирошима е ужасен настан во светската историја

Во интервју за сингапурската телевизија Channel News Asia првиот човек на МНР Русија Сергеј Лавров изјави дека не може да замисли во иднина да се повтори трагедија иста како бомбардирањето на Хирошима пред 70 години.

Во интервју за сингапурската телевизија Channel News Asia првиот човек на МНР Русија Сергеј Лавров изјави дека не може да замисли во иднина да се повтори трагедија иста како бомбардирањето на Хирошима пред 70 години. Ова го изјави министерот, одговарајќи на прашањето за влошувањето на односите меѓу Русија и САД.

„Не мислам дека е можно да се замисли нешто како повторување на Втората светска војна или трагедијата на Хирошима“, смета Лавров. Трагедијата на Хирошима тој ја нарече „ужасен настан во светската историја“, направен „апсолутно без потреба“. Притоа тој исто така изјави дека јапонското раководство не треба да ја заборави меѓународната одговорност за зачувување на повоениот поредок, инсистирајќи на внесување амандмани во уставот на земјата кои им овозможуваат на вооружените сили да дејствуваат во странство.  

„Јас не се сомневам дека Јапонците го разбираат историското наследство кое не е толку светло. Убеден сум дека владата на Јапонија ја разбира важноста на одржувањето добри односи со сите соседи“, додаде Лавров.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.