Експерт: Меѓународен трибунал за „Боингот“ беше замка за Русија

Намерата на членките на НАТО да основаат меѓународен трибунал на ООН за истрага и судење на одговорните за соборувањето на малезискиот авион минатата година на истокот на Украина претставува намерна провокација насочена против Русија, пишува Кристофер Блек, експерт за меѓународно право и човекови права, некогашен потпретседател на меѓународниот комитет за одбрана на Слободан Милошевиќ.

Намерата на членките на НАТО да основаат меѓународен трибунал на ООН за истрага и судење на одговорните за соборувањето на малезискиот авион минатата година на истокот на Украина претставува намерна провокација насочена против Русија, пишува Кристофер Блек, експерт за меѓународно право и човекови права, некогашен потпретседател на меѓународниот комитет за одбрана на Слободан Милошевиќ. Оваа иницијатива на НАТО нема друга цел освен демонизација на руското раководство, засилување на деструктивната пропаганда на НАТО и, се разбира, оправдување на секоја понатамошна агресија против народите на истокот на Украина и Русија.

„Секој здравомислечки човек сфаќа дека трибуналот се основа само за да се обвини лично претседателот на Русија Владимир Путин како лице кое ја дало наредбата. Штом Путин биде обвинет како воен злосторник, антируската пропаганда на Западот ќе ги надмине оние незамисливи размери што денеска веќе ги има достигнато“, пишува Блек за официјалниот сајт на Фондот за поддршка на јавната дипломатија „Горчаков“.

„Видовме што се случи со претседателот Милошевиќ, кога меѓународниот трибунал за поранешна Југославија изнесе против него обвинувања за воени злосторства во контекст на агресијата на НАТО 1999 година, додека Франција и Германија бараа политичко решение од кризата. САД, кои го покренаа обвинувањето преку својот агент Луиза Арбор, ефикасно го блокираа решението штом таа изјави, парафразирам, „не можат да се водат преговори со воен злосторник“, објаснува експертот.

Стручњакот од Канада наведува и дека е спорна законитоста на таквите трибунали кои се основаат ад хок, затоа што Повелбата на ООН е му дава право на Советот за безбедност да основа трибунали. Исто така, Блек го поставува прашањето и зошто не е основан трибунал кога 1988 година американската војска собори ирански патнички авион.

„Предлогот за основање трибунал беше очигледна замка за Русија, така што ветото што таа го стави на 29 јуни е добра вест. Русија ќе се соочи со критика од вообичаените говорници на НАТО и со повторното бладање на Саманта Пауер за тоа дека Русија, наводно, спречува извршување на правдата и дека се плаши од истрага. Но многу е подобро е да се одмавне со рака на овие лажни обвинувања отколку да се проголта мамецот и да се стане жртва на постојан притисок и себеси да се осудиш на гарантирана лажна одлука на трибуналот“, заклучува експертот за меѓународно право.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.