Ни Русија, ни нејзиниот претседател Владимир Путин не уживаат висока доверба или поддршка во светот. Ваква тенденција социолозите на Pew Research открија кај испитаниците во 26 од 40 земји каде што се спроведе истражувањето.
Најнегативен однос спрема Русија имаат во Полска и Јордан, каде 80% искажале негативна перцепција за Русија. Покрај овие две земји, најнегативна перцепција за Русија покажале Израел (74%), Јапонија (73%) и Франција (70%).
Земја во која Русија има најголема поддршка е Виетнам (75%). Анкетата откри само три земји со позитивно расположение спрема Русија кај повеќе од половината испитаници: тоа се Гана (56%) и Кина (51%).
Меѓу испитаниците од САД само 22% имаат позитивно мислење за Русија во споредба со 49% во 2011 година.
Претседателот на Русија Владимир Путин ужива популарност кај повеќе од половината население само во две земји – Виетнам (70%) и Кина (54%). Најстрогите критичари на Путин живеат во Шпанија (таму не му веруваат 92% испитаници), Полска (87%), во Франција (85%) и во Украина (84%).
Во зоната на конфликт во Украина анкетата не била реализирана поради безбедносни причини, прецизираа од Pew Research Center.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче