Наришкин: САД го злоупотребуваат сочувството на светот по 11 септември

Спикерот на Државната дума смета дека САД „во суштина се обидуваат да го истиснат споменот на Хирошима и Нагасаки на периферијата на општествената и експертска дискусија

Настапувајќи на „тркалезната маса“ во МГИМО, посветена на 70-годишнината од бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин изјави дека „властите на САД во 1945 година го злоупотребија наследството на заедничката борба на народите од антихитлеровската коалиција, зашто атомската програма од голем размер првично била само одговор на соодветните планови на нацистите“.

„За жал, во наше време американските власти исто така ги злоупотребуваат како довербата на Русија по завршувањето на студената војна, така и сочувството на целото човештво по терористичките напади од 11 септември“, смета Наришкин.  

Тој исто така смета дека САД „во суштина се обидуваат да го истиснат споменот на Хирошима и Нагасаки на периферијата на општествената и експертска дискусија, но без тие тешки страници историјата на човештвото ќе биде нецелосна и нечесна“.

Сеќавањето на атомските бомби врз Јапонија во 1945 година е еднакво на сеќавањето на злоделата на нацистите, смета спикерот на Државната дума.  

„За жал, во денешниов свет има влијателни сили кои се стремат да ги избришат од историјата и деталите од бомбардирањето, и нивните страшни резултати, и знаењето кој ги направи тие злосторства “. Меѓутоа, „споменот на тоа не е помалку важен од злоделата на нацистите и јапонските милитаристи“.

„Илузијата на неказнивост може да доведе до многу тешки последици“, потенцираше Наришкин, објаснувајќи дека токму затоа „се толку опасни и тековното паралелно извртување на историјата на Втората светска војна и зголемувањето на агресивниот потенцијал на земјите на НАТО“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.