Лукашенко: „Рускиот свет“ е пропагандистичка глупост

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, во првото свое интервју дадено за „Европско радио за Белорусија“, медиум кој не е под цензура на власта во Минск, изјави дека е убеден дека идејата за „руски свет“ е глупост што некој ѝ ја предложил на пропагандата.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, во првото свое интервју дадено за „Европско радио за Белорусија“, медиум кој не е под цензура на власта во Минск, изјави дека е убеден дека идејата за „руски свет“ е глупост што некој ѝ ја предложил на пропагандата и дека е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не се придржувал до таа идеја.

„Не е вистина дека мнозинството се за руски свет. Го прашував амбасадорот (рускиот) што значи обединување на руските земји и што е тоа руски свет? Никој не ми објасни“, им раскажа на новинарите претседателот Лукашенко.

И веднаш забележа: „Но сега тоа (идејата за „руски свет“) не звучи така во руските медиуми. Мислам дека тие го слушнале моето критичко прашање и го тргнале тоа од агендата“, изјави претседателот Лукашенко, а пренесува „Руската служба на Би-Би-Си“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња