Киев распиша потерница по началникот на Генералштабот на ВС Русија

Службата за безбедност на Украина (СБУ) издаде потерница по началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Руската Федерација Валериј Герасимов, како и за уште 10 руски воени лица, соопшти началникот на Главната истражна управа на СБУ Украина Григориј Остафијчук.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) издаде потерница по началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Руската Федерација Валериј Герасимов, како и за уште 10 руски воени лица.

Ова го соопшти началникот на Главната истражна управа на СБУ Украина Григориј Остафијчук.  

„Го обвинивме началникот на Генералштабот на ВС РФ Герасимов и 10 воени лица. Во судот во Киев се разгледува прашањето за нивно апсење и носење пред суд, и ние паралелно објавуваме како домашна, така и меѓународна потерница по нив“, изјави тој.

Според Остафијчук, наведените лица наводно „престојувале на територијата на Украина за време на операциите во Иловајск во месец август (2014 година)“.

Украинските власти и повеќепати ја обвинуваа Москва за воена поддршка на доброволците во Донбас, а Москва секојпат го негираше тоа.

Во април шефот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов истакна дека НАТО ја користи кризата во Украина како повод за засилување на својата активност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња