Одлуката за продолжувањето на санкциите на Европската унија спрема Русија сведочи за единството на меѓународната заедница против „дестабилизирачките“ потези на Москва и нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
„(Продолжувањето на санкциите) е следниот чекор во заедничкото дејствување на меѓународната заедница против нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и доказ за нејзината решителност да го присили Путин да ги почитува основните меѓународни норми“, изјави портпаролот Ернест.
Ернест потсети дека на самитот на Г-7 во Германија, претседателот на САД со европските колеги ја разгледале неопходноста од зачувување на единството, пренесува РИА „Новости”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче