Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека САД и земјите во НАТО од времето на „студената војна“ успеале да постигнат успеси во решавањето на меѓународните прашања само со заеднички напори со Русија.
„Ние успеавме да постигнеме суштински прогрес од времето на завршувањето на „студената војна“ заедно со Русија. Уште еднаш ќе повторам: не и покрај, не против, не без Русија, ами со неа“, изјави шефот на Пентагон, настапувајќи во Берлин на настанот организиран од здружение „Атлантски мост“, пренесува РИА „Новости“.
Картер истакна дека Западот е подготвен да соработува со Русија „кога таа ќе посака“ и кога ќе биде подготвена да го применува своето влијание во многу сфери, каде нејзините интереси „се совпаѓаат со интересите на меѓународната заедница“.
„Тоа ги вклучува преговорите за Иран во форматот „5+1“, неширењето на нуклеарното оружје во целина, спротивставувањето на тероризмот, особено против групите од типот на „Исламската држава“, изјави Картер.
Американскиот министер за одбрана изјави дека НАТО не сака ни студена, ни „врела“ војна со Москва и „не се стреми да направи од Русија свој непријател“. Притоа Картер смета дека Русија се обидува „да ја обнови сферата на влијание од времето на СССР“.
Според зборовите на американскиот министер, НАТО има намера да ги заштити сите свои членки и да им се спротивстави на таквите обиди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче