Украина плати 75 милиони долари од долгот спрема Русија

Украина ѝ плати на Русија дел од долгот од 3 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.

Украина ѝ плати на РФ 75 милиони долари рата од еврообврзниците вредни 3 милијарди долари, изјавија за РИА „Новости“ од Министерството за финансии на Русија.

„Украина плати, парите сѐ уште не се стигнати, во тек е техничката обработка на уплатата“,  соопштија од министерството.

Русија на крајот на 2013 година ги откупи суверените обврзници на Украина за 3 милијарди долари. Украина треба да го исплати долгот до крајот на 2015 година.

Русија планираше да ѝ даде на Украина 15 милијарди долари, вклучително и за Фондот на национална благосостојба. Сепак, по смената на власт во Украина преговорите за понатамошните транши беа замрзнати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња