Споредбата на буџетите за одбрана на НАТО и Русија е исто како да споредувате слон со мравка, изјави раководителот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов во интервјуто за „Фајненшел Тајмс“.
„Не можете да ги споредувате одбранбените буџети на НАТО и Русија“, истакна Иванов. „Зборуваме за слон и мравка, за нилски коњ и домашна мачка. Тоа е споредбата на нашите воени буџети“, додаде тој.
„Ние имаме различна воена моќ. Но, најважното е: зошто треба да го правиме тоа? Сериозно ли сметате дека сакаме да започнеме војна со НАТО? Зар сме самоубијци? Што ќе ни е тоа?“, го коментираше Иванов ставот дека Русија е склона кон воена агресија и може, на пример, да изврши инвазија врз Прибалтикот.
Ваквите обвинувања Иванов ги нарече „делириум“ и „психичко растројство“. „Прибалтикот, се разбира, го прави ова намерно, за да добие пари од вас. Отворено ќе ви кажам, ним им требаат вашите пари и затоа тие врескаат „Помагајте! Тие ќе навлезат!“, објасни тој.
Покрај тоа, Иванов ја потенцираше важноста на принципот на мултиполарност и недозволивоста на зајакнување на безбедноста на една земја за сметка на други.
„Ако сакате да ја зајакнете вашата безбедност, вие треба да постигнете согласност со сите на начин на кој тоа ќе биде направено доброволно и со согласност на сите, а не само како ехо на желбите на еден хегемон. Мислам дека многу добро знаете кој хегемон“, потенцираше Иванов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче