Путин: Свет долг на Русите е да им останат верни на патриотските вредности

Свет долг на Русите е да им останат верни на големите вредности на патриотизмот, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на доделувањето на признанието „Град на воинската слава“.

Свет долг на Русите е да им останат верни на големите вредности на патриотизмот, како и да ги почитуваат ветераните од Големата татковинска војна, изјави претседателот на Русија  Владимир Путин на доделувањето на признанието „Град на воинската слава“.

„За Русија и нашиот народ 22 јуни е посебен датум. На тој ден пред 74 години нацистите подмолно ја нападнаа нашата земја и започна Големата татковинска војна. Советскиот народ помина низ најтешки маки и ја плати цената со огромен број жртви за да ја одбрани слободата на својата татковина, убедливо го победи тешкиот противник благодарение на своето единство и безграничната љубов спрема татковината“, изјави Путин, а пренесува РИА „Новости”.

„Наш свет долг е да им бидеме верни на тие големи патриотски вредности, да го негуваме споменот на подвизите на нашите татковци и дедовци и да ги почитуваме нашите ветерани“, истакна рускиот претседател.

Според неговите зборови, доделувањето на признанието „Град на воинската слава“ стана не само традиција, туку и „симбол на нашата посветеност на генерацијата победници“.

Претседателот на Русија, исто така, на Денот на сеќавањето и жалоста положи венец на гробот на незнајниот јунак во Москва и со тоа им оддаде почит на паднатите борци во Втората светска војна. Путин претходно на церемонијата на доделување на државните награди по повод Денот на Русија изјави дека „идеалот на патриотизмот е толку силен во Русија што никому нема да му појде од рака да ја „декодира нашата земја“ и да ја прекрои по свои мерки“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња