Потребата од итен прекин на гранатирањето од страна на украинските безбедносни сили на населените места во Донбас била потенцирана од претседателот на Русија Владимир Путин во телефонскиот разговор со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
„Од руска страна повторно е потенцирана неопходноста на итен прекин на гранатирањето од страна на украинските безбедносни структури на населените места на Донбас, активирање на процесот за политичко решение, решавање на прашањата на уставната реформа, како и социјално-економската обнова на југоисточните региони“, соопшти прес-службата на Кремљ.
Лидерите на трите земји „искажаа цела низа размислувања во контекст на планираната за 23 јуни средба во Париз во „Нормандиски формат“ (Русија, Германија, Франција, Украина) на ниво на министри за надворешни работи и редовни состаноци на контакт-групата и профилните работни подгрупи во Минск“.
Путин, Меркел и Оланд се договориле да ги продолжат личните контакти, соопштува Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче