Пентагон: САД и НАТО се подготвуваат за долготрајна конфронтација со Русија

Министерот за одбрана на САД изјави дека не е убеден дека РФ во блиска иднина ќе го смени својот надворешнополитички курс, затоа НАТО е насочен кон спротивставување на Москва дури и по заминувањето на Владимир Путин од функцијата претседател.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека конфронтацијата на САД и нивните сојузници во НАТО со Москва може да продолжи и откако претседателот на РФ Владимир Путин ќе замине од својата функција, соопштува „Ројтерс“.

„Измените за кои зборувам се основани на очекувањата дека Русија можеби нема да се смени под раководството на Владимир Путин, дури и во иднина“, ги цитира агенцијата зборовите на шефот на Пентагон кој ја започна својата европска турнеја.

На прашањето дали Путин, според мислењето на Картер, ќе го смени однесувањето, шефот на Пентагон изјави дека се надева, но „не може да биде сигурен“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња