Патрушев: САД сакаат Русија да не постои

САД сакаат Русија да ја снема како држава и организираа преврат во Украина за да ја ослабат РФ, изјави во интервју за „Комерсант“ секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

САД сакаат Русија да ја снема како држава и организираа преврат во Украина за да ја ослабат РФ, изјави во интервју за „Комерсант“ секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.  

„Тие (САД) многу би сакале Русија воопшто да ја нема. Како земја“, изјави Патрушев. Според неговите зборови, Вашингтон смета дека Русите „незаконски и незаслужено“ поседуваат „огромни богатства“ кои не ги користат на соодветен начин.

Првиот човек на Советот за безбедност на Русија ги обвини САД дека ѝ ја наложиле на ЕУ политиката на санкции против Русија. Како што смета Патрушев, Европејците спроведуваат „неволна“ политика, додека САД се стремат да доминираат во светот.

Тој исто така изрази мислење дека на Запад ја сфаќаат законитоста на присоединувањето на Крим кон Русија, иако јавно не го признаваат тоа. За Украина, Патрушев смета дека иницијатори на превратот биле САД, кои за таа цел потрошиле пет милијарди долари и истиот бил организиран за да се „создаде инструмент за радикално слабеење на Русија“. Обвинувањата дека Русија учествува во украинскиот конфликт е мешање на причината и последицата, изјави секретарот на Советот за безбедност, кој додаде дека Москва нема намера да се меша во конфликтот, но и дека не може да им забрани на Русите да стапуваат во редовите на доброволците од ДНР и ЛНР. Исто така, РФ не може да ја затвори границата со самопрогласените републики , затоа што тоа е еднакво на блокада. „Иако во Минската спогодба е наведено дека Украинците треба да придонесат за нормализација на социјално-економската ситуација и во Луганск, и во Донбас. Но тие тоа не го прават“, објасни Патрушев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња