Европската унија официјално ги продолжи економските санкции против Руската Федерација, пренесува „ТАСС”.
„Одлуката за продолжување на мерките за ограничување е донесена“, соопшти надворешнополитичката служба на ЕУ.
Шефовите на дипломатиите на државите-членки на ЕУ ги продолжија економските санкции против Русија. Санкциите ќе бидат на сила до 31 јануари 2016 година, а одобрени се и релевантни измени и дополнувања на одлуката на Европската унија за секторските рестриктивни мерки против Русија.
Советот на ЕУ на 19 јуни официјално објави дека санкциите против Крим и Севастопол ќе бидат на сила до 23 јуни 2016 година.
Прес-службата на Белата куќа на почетокот на јуни соопшти дека претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел постигнале договор околу прашањето за траењето на антируските санкции. Тие потврдија дека санкциите против Русија ќе бидат на сила сѐ додека Минската спогодба не биде исполнета во целост.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче