Русин победи на најголемиот фестивал за анимација во Европа

Победник на најголемиот во Европа Меѓународен фестивал за анимација во Анси, Франција, е краткометражниот филм „Не можеме да живееме без вселената“ на рускиот режисер Константин Бронзит.

Победник на најголемиот во Европа Меѓународен фестивал за анимација во Анси, Франција, е краткометражниот филм „Не можеме да живееме без вселената“ на рускиот режисер Константин Бронзит.

„Не можеме да живееме без вселената“ е 15 минутна приказна за двајца другари кои од детство сонуваат да станат космонаути и да полетаат кон ѕвездите. Режисерот на ироничен и мошне разбирлив јазик раскажува за другарството, мечтата и науката, пренесува ТАСС.

Филмот на Бронзит уште од самиот почеток на фестивалот беше очигледен претендент за победа, за што зборуваа реакциите и на публиката, и на експертите, и на новинарите, и на самите учесници на смотрата. Во текот на првата презентација на анимираниот филм во Анси преполната сала на секои неколку секунди експлодираше од смеа. На крајот, кога водителот им го претстави режисерот на гледачите, овациите беа долготрајни.

Бронзит раскажа со колкав напор успеал да го сними филмот.

„Сѐ започна откако сонив една сцена, макар што не сакам да раскажам за која. Таа е на средината на филмот и за мене е клучна. Тоа се случи пред разденување, јас се разбудив, но не ги отворав очите, затоа што се плашев да не ми избега сцената што ја сонив. Лежев со затворени очи и ја обмислував, и така таа набрзина се претвори во мојата глава во цел филм. Веднаш отрчав кај жена ми во кујната и ѝ реков дека имам филм“, рече Бронзит.

Потоа, според неговите зборови, „започнале вистинските маки“.

„За мене фразата „среќата на творењето“ е неразбирлива, а маките на творештвото убаво ги разбирам. Ми беа потребни цели четири години за да го направам овој 15-минутен филм. Излезе неверојатно тешко, со неверојатни маки го истргнав од себе“, истакна реж

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.