Милиони Руси в недела, пред денот на започнувањето на Великата Татковинска војна (22 јуни 1941 г.), ќе запалат свеќи во спомен на загинатите. Москва традиционално ќе стане главното место за одржување на серуската акција „Свеќа на сеќавањето“.
Акцијата ќе започне во 15:00 часот по московско време со панихида во Богојавленскиот собор и споменување на сите загинати во ВТВ. Во храмот ќе биде поставена централната „Свеќа на сеќавањето“ и свеќи од сите народи на СССР. Потоа поворката со свеќите ќе се упати кон Централниот музеј на ВТВ на Поклонаја гора во придружба на мотоциклистите од клубот „Ноќни волци“.
Како што изјави претходно на прес-конференцијата во ТАСС координаторот на акцијата Павел Иларионов, луѓето ќе палат свеќи на улиците и на прозорците во 21:00 часот по московско време. Подоцна на социјалните мрежи учесниците ќе објават фотографија од запалените свеќи со хаштаг #свечапамяти22июня.
Првпат акцијата „Свеќа на сеќавањето“ беше одржана во 2009 година. Како што тврдат организаторите, „во акцијата учествуваат над 1200 градови и села во Русија, и ја поддржуваат над еден милион луѓе“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче