Меккејн ѝ благодари на Саудиска Арабија за „ударот за Путин“

САД треба да ѝ бидат благодарни на Саудиска Арабија за падот на цената на нафтата, затоа што тоа беше „удар за Путин“, изјави американскиот сенатор Џон Меккејн.

САД треба да ѝ бидат благодарни на Саудиска Арабија за падот на цената на нафтата, затоа што тоа беше „удар за Путин“, изјави американскиот сенатор Џон Меккејн.

„Многупати кажав дека Русија е бензинска пумпа маскирана во држава. Затоа санкциите можат да извршат влијание врз неа. Најголем удар за Путин беше падот на цената на нафтата, за што можеме да ѝ благодариме на Саудиска Арабија“, изјави Меккејн, а пренесува „Укринформ”.

Претходно Меккејн исто така изјави дека претседателот на САД Барак Обама треба да ѝ биде благодарен на Саудиска Арабија бидејќи таа дозволила пад на цените на нафтата, затоа што санкциите пред тоа не влијаеле врз економијата на Русија.

Светските цени на нафтата паднаа во текот на последните неколку месеци и достигнаа максимална вредност во текот на последните неколку години. Основната причина за падот на цената е порастот на понудата во однос на побарувачката. Како прво, на американскиот пазар се појавија поголеми количини од овој енергент поради револуцијата во експлоатацијата на нафтата од нафтени шкрилци. Како второ, земјите на ОПЕК го зголемија производството. Помеѓу останатото, Либија, Иран и Ирак постепено се враќаат на пазарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.