Медиуми: Нуклеарната стратегија на Русија го збуни НАТО

Алијансата има намера внимателно да ги анализира можностите на нуклеарниот потенцијал на Москва, пишува германскиот „Велт ам Зонтаг“.

На агендата на НАТО првпат по „студената војна“ се враќа темата за нуклеарната стратегија на Русија, пишува „Велт ам Зонтаг“.

На средината на идната недела во Брисел ќе се состанат министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата кои ќе разгледаат некаков таен документ подготвен од командата на НАТО.

„Ние сме длабоко вознемирени што во новата руска стратегија на руското оружје му се дава важна улога“, цитира изданието неименуван „висок дипломат на НАТО“.

Западната воена алијанса има намера внимателно да ги анализира реалните можности на нуклеарниот потенцијал на Москва, особено по изјавите на рускиот претседател Путин во врска со зајакнувањето на нуклеарниот арсенал на РФ.

На средбата во Брисел министрите за одбрана на НАТО ќе дискутираат и како да ги направат своите сили за брза реакција уште побрзи. Специјалната единица Spearhead force (Остро копје) е способна за распоредување во рок од 48 часа, меѓутоа политичките одлуки сега се донесуваат во пократки рокови. Се планира бројноста на силите за брза реакција да се зголеми најмалку двојно – до 30 илјади души.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња