Француските компании бараат запирање на плаќањата од Русија

Француските компании се обратија до руските изведувачи на работите чиј нарачател е државата да ја запрат исплатата поради ризикот од заплена на руски имот, изјави помошникот на рускиот претседател Андреј Белоусов.

Француските компании се обратија до руските изведувачи на работите чиј нарачател е државата да ја запрат исплатата поради ризикот од заплена на руски имот, изјави помошникот на рускиот претседател Андреј Белоусов.

„Засега оваа кампања сѐ уште не е масовна и во моментов се работи само за демонстрирање на некакви акции. Судските извршители прават список на рускиот имот, но тоа повеќе ги нервира француските колеги“, изјави  Белоусов во интервју за каналот „Форбс“, а пренесува „Вести Економика”.

„Згора на тоа, веќе ни се обраќаат француските компании кои работат со нас за да се задржат трансакциите, затоа што се плашат дека парите ќе бидат заробени на замрзнатите сметки“, истакна помошникот на рускиот претседател.

Според неговите зборови, ваквите кампања удираат на економскиот интерес на француските фирми. Белоусов наведува дека компаниите се обраќаат до Русија за совет. „Ја им велам да одат да ѝ објаснат на француската влада што се случува“, рече Белоусов.

Тој истакна дека доколку Русија биде принудена да примени контрамерки, тие ќе бидат мошне жестоки. Белоусов истакна дека постои широка палета на начини на кои РФ може да одговори, вклучувајќи отстранување на француските компании од рускиот пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.