Експерт: САД не се способни да произведуваат политичари од калибарот на Владимир Путин

Современа Америка личи на Римското царство во ерата на својот залез, кога непријателските кланови се бореле едни против други, обидувајќи се да стават на тронот марионета, смета американскиот политиколог Пол Крег Робертс.

Политичкиот систем на САД повеќе не е способен да произведува достојни политички лидери, пишува американскиот политиколог Пол Крег Робертс на својот блог.

Според него, ако се погледне таа „жална колекција“ од кандидати за раководење со „единствената и незаменливата суперсила“, ќе се види „збир“ од политичари кои не претставуваат ништо.

„Современа Америка личи на Римското царство во ерата на својот залез, кога непријателските кланови се бореле едни против други, обидувајќи се да стават на тронот марионета“, смета експертот.

Во САД, пишува тој, „лидерските“ позиции зависат од финансиската поддршка на естаблишментот: претседателот и водечките политички дејци ги претставуваат интересите на само шест групи на влијание, ништо друго не ги интересира. Слична ситуација има и во другите земји со западен тип на политичко лидерство: во Европа, Велика Британија, Австралија и Канада родените лидери ги отфрла системот. Истовремено политикологот истакнува дека вистински национални лидери се појавуваат во Евроазија и Латинска Америка.  

„Сегашните американски лидери не му се ни до колена на Владимир Путин или на лидерите на Кина, Боливија, Венецуела, Аргентина, Бразил или Индија“, забележува експертот.

Меѓу претендентите за претседателската функција во САД Пол Крег Робертс го истакнува само милијардерот Доналд Трамп.

„Ако Трамп е нашиот најдобар избор, замислете во колку жална ситуација сме се нашле“, заклучува американскиот политиколог. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.