Експертите на Воено-воздушните сили на Русија (ВВС) на форумот „Армија-2015” го претставија новото руско беспилотно летало „Мерлин-21б” кое може да лоцира маскирани објекти, пренесува РИА „Новости”.
„Новиот руски беспилотен дрон „Мерлин-21б“ е опремен со мал радар од домашно производство“, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
Новото беспилотно летало има можност да врши извидување независно од временските услови и периодот од денот, како и да пренесува информација во реално време. Дециметарскиот опсег на вградениот радар овозможува забележување на објекти кои се маскирани со лисје, додека сантиметарскиот опсег овозможува добивање на слика со висок квалитет. „Мерлин-21б” може да лета на висина до 3 километри и на далечина од 600 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче