Путин: Влошувањето на односите меѓу Русија и САД не значи пораст на нуклеарната закана во светот

Непријателската реторика меѓу Москва и Вашингтон не значи дека нуклеарната опасност во светот расне, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува РИА „Новости”.

Непријателската реторика меѓу Москва и Вашингтон не значи дека нуклеарната опасност во светот расне, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува РИА „Новости”.

Во текот на средбата со шефовите на странските новински агенции во Санкт Петербург рускиот претседател рече дека „порастот на непријателската реторика на РФ и САД не значи дека светот се судира со растечка опасност од конфронтација со употреба на нуклеарно оружје“.  

Според него, Русија донела одлука да го зголеми својот нуклеарен арсенал со 40 интерконтинентални балистички ракети откако САД ги објавија своите планови за зголемување на военото присуство, вклучувајќи распоредување на тешко вооружување во источна Европа.

Државниот секретар на САД Џон Кери на 17 јуни изрази загриженост поради изјавата на Путин дека Русија до крајот на годината ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал. „Никој не може да не се загрижи за последиците кога ќе слушне ваква изјава од лидер на многу моќна држава“, изјави Кери. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така рече дека изјавата на Русија за зголемување на нуклеарниот арсенал е неприфатлива и опасна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.