„Ние се боревме чесно и победивме. Не сметаме дека одлуката треба да се смета за сомнителна“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на претседателот на Русија на средбата со шефовите на странските новински агенции во Санкт-Петербург.
„Ние бевме подготвени, и ФИФА се убеди во тоа. Изградбата на стадионите е веќе почната“, изјави Путин.
Тој им соопшти на новинарите дека Русија ја поддржува истрагата против функционерите на ФИФА, истакнувајќи дека „само судот има право да определи кој е виновен“.
Путин исто така изјави дека во РФ била почната истрага за можни коруптивни зделки при донесувањето на одлуката за избор на земја-домаќин на светското првенство 2018, но никакви знаци на корупција не биле откриени.
Истовремено Путин истакна дека неуспехот на Велика Британија при изборот на организатор била во тоа што во текот на првата рунда на гласањето што се одржа во 2010 година, земјата не го покажала целиот потенцијал потребен за победа.
„Велика Британија не го покажа целиот свој потенцијал што беше потребен за да го добие правото на организација на светското првенство“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче