Путин: Русија ќе ги штити своите интереси по законски пат

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави, коментирајќи ја ситуацијата со заплената на рускиот имот во странство, дека државата ќе ги штити своите интереси, пренесува РИА „Новости“.

„Реакција не може да не има. Ние ќе ги штитиме своите интереси. Што се однесува до овој случај, нашата позиција е позната. Таа се состои во тоа што за прашања и работи од таков вид Хашкиот арбитражен суд има компетенции само во однос на оние земји кои ја потпишале и ратификувале европската Енергетска повелба. Русија го нема ратификувано овој документ, затоа ние не ја признаваме јурисдикцијата на таа инстанца“, ги цитира зборовите на Путин РИА „Новости“.

Тој потенцираше дека РФ по законски пат, преку судски постапки ќе ги штити своите права.

„А за тоа, дека акционерите на ЈУКОС се обидуваат да добијат од Русија дополнителни средства, тука нема ништо ново. Ние со такви барања се судиравме и порано и од страна на таа компанија, и од страна на други наши партнери. Вклучително и од страна на странски партнери, од страна на акционери на меѓународни компании. Во рамките на цивилизирана судска постапка ќе ги штитите своите интереси“, изјави претседателот на РФ.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња