Во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум беа потпишани 205 спогодби, меморандуми, договори за сума од речиси 300 милијарди рубли, соопшти советникот на претседателот на Русија, одговорниот секретар на Организациониот комитет на форумот Антон Кобјаков.
„Сумата на склучените договори изнесуваше 293,4 милијарди рубли“, изјави Кобјаков, прецизирајќи дека тоа е износот на средства кој не претставува деловна тајна.
Тој исто така изјави дека „резултатите на форумот во целост ги побиваат тезите кои веќе почнаа да оставаат горчлив вкус во устата за наводната целосна изолација на Русија. 120 земји, имено тоа е бројот на земјите кои испратија свои претставници на форумот: свои делегации, свои претставници на бизнисот“, пренесува РИА „Новости“.
Истовремено Кобјаков потенцираше дека ниту еден од раководителите на странските компании кои беа поканети на ПМЕФ-2015 не ја одби поканата. Единствениот директор кој не зеде учество на форумот беше првиот човек на компанијата „Циско“ Џон Чемберс, затоа што во текот на форумот му го предаде управувањето со компанијата на својот наследник.
Вкупно земено, над 1500 претприемачи се собраа на форумот. „На ниво на извршен директор на компанија имаше 200 луѓе, први луѓе на странски компании. Од руските компании, и на сите други нивоа – 1,5 илјада луѓе“, изјави Кобјаков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче