„Ние многу зборуваме за зголемувањето на силата на Русија на Арктикот. Вооружените сили исто така не стојат настрана. Денеска на островите во Северниот леден океан се распоредени ново вооружување, како што се системите „Панцир“, се распоредуваат нови радарски станици, наскоро ќе пристигне ловечката авијација“, изјави заменик-командантот за ПВО на силите на Вселенската одбрана на Русија Кирил Макаров, пренесува РИА „Новости“.
„Сево ова се прави за да Руската Федерација ги заштити своите интереси по периметарот на нашата држава, но исто така и интересите на Арктикот“, додаде тој.
Во декември минатата година вице-премиерот на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека за Арктикот „се развива сериозна битка“, меѓутоа засега не излегува надвор од рамките на виртуелното, иако „играчите се сериозно настроени“.
За претстојното формирање на воени формации за заштита на државните интереси на Русија на Арктикот изјави и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Тој му наложи на генералштабот да изработи проект за распоредување на армијата на Арктикот.
Меѓународно-правниот статус на арктичкиот простор во денешно време е предмет на спор, првенствено помеѓу САД, Канада, Русија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска. Пред сѐ, станува збор за сопственоста врз подводните гребени „Ломоносов“ и „Менделеев“ каде, според последните истражувања, може да се содржи околу 12% од сите светски резерви на нафта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче