Киев подготвен да ѝ исплати на Русија 75 милиони долари рата за еврообврзниците

Украина има намера да продолжи да го исплаќа рускиот долг, изјави министерската за финансии на Украина Наталија Јареско.

Киев има намера да ѝ исплати на Русија рата од 75 долари за еврообврзниците од 3 милијарди долари, изјави министерската за финансии на Украина Наталија Јареско. Покрај тоа, таа раскажа и за текот на преговорите за реструктуризација на украинскиот долг.

„Кредиторите на Украина засега неконструктивно им пристапуваат на преговорите за реструктуризација на долгот, одолговлекуваат време“, изјави Јареско, а ја цитира РИА „Новости“.

„Киев планира следната недела да одржи трилатерална средба со учество на кредиторите и ММФ за реструктуризација на долгот“, додаде министерката.

Претходно во петокот заменик-министерот за финансии на Русија Сергеј Сторчак изјави дека веројатноста дека Украина ќе ѝ ја исплати на Русија следната рата за еврообврзниците се приближува до 100%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња