Бугарија предлага Русија да изгради гасен хаб за гасоводот „Турски тек“ на бугарска територија, изјави за новинарите министерот за енергетика на РФ Александар Новак, пренесува „Взгљад“.
Во текот на разговорите со министерката за енергетика на Бугарија Теменушка Петкова, бугарската страна повторно го покренала прашањето за изградба на гасен хаб на територијата на Бугарија, објасни тој. „Бугарија повторно предложи изградба на хаб на своја територија“, изјави министерот.
„Таа даде предлог за изградба на хаб во Бугарија, тие сакаат „Турски тек“, „Јужен тек“ да ги вратат, но со хаб во Бугарија“, одговори Новак на прашањето за што се дискутирал во текот на средбата со неговата бугарска колешка, пренесува РИА „Новости“.
Новак додаде дека бугарската страна и порано дала сличен предлог.
„Уште пред половина година (го покренавме прашањето), сега уште еднаш беше презентирано“, додаде министерот.
Претходно Новак изјави дека Русија е подготвена да ги обнови преговорите за нафтоводот Бургас – Александрополис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче