Русија и Грција потпишаа меморандум за продолжување на „Турски тек“

Министерот за енергетика на РФ Александар Новак и неговиот колега од Грција Панајотис Лафазанис ја потврдија со меморандумот повеќемесечната работа за изградба на гасовод преку територијата на Грција.

Првиот човек на Министерството за енергетика на РФ Александар Новак и министерот за министерот за индустриски реформи, животна средина и енергетика на Грција Панајотис Лафазанис денеска, 19 јуни, потпишаа меморандум за соработка за изградба и експлоатација на гасовод како продолжение на „Турски тек“.

„Со потпишувањето на меморандумот ја потврдуваме повеќемесечната работа што ја вршевме за изградба на гасоводот преку територијата на Грција. Овој гасовод... ќе игра стабилизирачка улога во целиот регион. Реализацијата на проектот не е насочена против никого, туку напротив, ги обединува сите региони низ кои ќе помине“, изјави Лафазанис на средбата со Новак пред потпишувањето на документот.

Од своја страна министерот за енергетика на РФ изјави дека се радува на можноста за движење напред во исполнувањето на плановите во сферата на енергетиката и истакна дека со потпишувањето на меморандумот соработката на Русија и Грција „излегува на ново ниво“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња