Путин: Русија не се однесува агресивно, туку упорно си ги штити интересите

Не треба да се занимаваме со престројување на светот, треба со почит да се однесуваме едни кон други и заедно да работиме, да бараме решенија за заедничките проблеми, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.

Русија не се однесува агресивно во надворешната политика, туку едноставно континуирано и упорно ги штити своите интереси, изјави денеска на Петербуршкиот меѓународен економски форум претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

„Ние не е однесуваме агресивно. Ние поупорно и континуирано почнавме да ги штитиме своите интереси, долго време, може да се каже со децении, мирно молчевме и предлагавме секакви елементи за соработка, но постепено нас само нѐ притиска, нѐ притискаа, притискаа и нѐ притиснаа до таа линија од која ние не можеме да отстапиме“, изјави Путин на пленарното заседание на ПМЕФ.

Според неговите зборови, не треба да се занимаваме со престројување на светот, треба со почит да се однесуваме едни кон други и заедно да работиме, барајќи решенија за заедничките проблеми. „Русија не претендира на никаква хегемонија, таа не претендира на некаков ефемерен статус на суперсила“, додаде претседателот Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.