Лавров: Русија реципрочно ќе одговори на замрзнувањето на својот имот во странство

Русија реципрочно ќе одговори на заплената на својот имот во странство и на прво место ќе се бори за укинување на замрзнувањето на сметките на својата дипломатија во Белгија, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Русија реципрочно ќе одговори на заплената на својот имот во странство и на прво место ќе се бори за укинување на замрзнувањето на сметките на својата дипломатија во Белгија, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Според неговите зборови, Москва нема да ги прифати објаснувањата на властите на Белгија дека тие не биле во тек со замрзнувањето на имотот на Русија. „Тоа апсолутно противречи на Виенската конвенција која обезбедува имунитет на целата дипломатска сопственост, недвижнините и сѐ што е поврзано со нив. И нам веќе претставниците на министерствата за надворешни работи на Белгија ни испраќаат сигнали дека не биле во тек со работата, дека кај нив постои независен судски систем. Ваквите објаснувања се неприфатливи“, изјави Лавров во интервју за телевизијата „РБК“.

Министер потсети дека „гаранциите за имунитетот на дипломатската сопственост ги дава државата“.

Истовремено Лавров не исклучи дека заплената на рускиот имот може да коинцидира со Петербуршкиот меѓународен економски форум. „Јас не сум приврзаник на теориите на заговор, но дури и ако ова е случајно совпаѓање, тоа работи против оние кои сакаат нормално, без какви било вештачки пречки да работат во Руската Федерација. Така што намерно или ненамерно тие им помагаат на оние кои би сакале таквата соработка на секаков начин да ја отежнат“, рече шефот на руската дипломатија.

Лавров исто така изјави дека Русија ќе поведе судска постапка по повод замрзнувањето на рускиот имот во Белгија.

Како што соопшти весникот „Взгљад“, конфискацијата на руски имот на Запад има скриени цели и може да значи нова етапа од западната офанзива врз Русија. Истовремено, според мислењето на низа аналитичари, Русија е способна да ѝ одземе на Белгија многу повеќе отколку што може Белгија да ѝ одземе на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња