Аркадиj Дворкович: Русија ќе ја поддржи Грција во нејзиниот стремеж да ја надмине кризата

Заменикот-претседател на владата на РФ Аркадиј Дворкович во ексклузивно интервју за каналот „РТ“ ги коментираше руско-грчките односи.

Денеска на маргините на Петербуршкиот меѓународен економски форум ќе се одржи средба на претседателот на Русија Владимир Путин со премиерот на Грција Алексис Ципрас. Тие преговори уште пред нивниот почеток предизвикаа бурни дискусии во експертската средина и медиумите.

Многумина сметаат дека Ципрас се обидува да ги искористи односите со Москва за притисок врз европските кредитори. Меѓутоа заменик-претседателот на владата на РФ Аркадиј Дворкович изјави во ексклузивно интервју за „РТ“ дека стабилна Европа е еден од приоритетите на Русија.

„Со Грција имаме цврсти политички и економски врски, а во тешките времиња постојано ги поддржуваме нашите пријатели. Нашиот претседател и владата воспоставуваат лични контакти со грчките партнери. Ние ќе го поддржиме секое решение кое ќе го предложат грчката страна, нашите  европски пријатели и партнери. Несомнено, еден од нашите приоритети е поддршка на инвестициските проекти и трговијата со Грција. Ако треба финансиска помош, ние ќе го разгледаме ова прашање. Но воопшто и во целина наш приоритет е стабилност во Европа, стабилност во Грција. Ние и во иднина ќе ја поддржуваме Грција на патот на решавањето на финансиската криза“, изјави Аркадиј Дворкович.

Вицепремиерот исто така истакна дека Москва е подготвена да го разгледа прашањето за давање финансиска помош на Атина.

„Многу европски земји сакаат санкциите што побрзо да бидат укинати, вклучувајќи ја и Грција. Тие држави во голема мера се грижат за сопствениот бизнис и економијата отколку за политиката. Н наш поглед, тоа е конструктивен приод. Сосема е природно што со таквите земји ние соработуваме поактивно отколку со оние европски сили кои во даденава етапа не сакаат да го продолжат економскиот дијалог“, потенцираше вицепремиерот Дворкович.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.