Амбасадорот на ЕУ во РФ: ЕУ нема врска со заплената на имотот на РФ

Вигаудас Ушацкас смета дека контрамерките од руска страна треба да бидат аргументирани, пренесува ТАСС.

Европската унија нема никаква врска со заплената на рускиот имот. Контрамерките од руска страна треба да бидат правно основани. Ова го изјави во интервју за „Комерсант ФМ“ амбасадорот на ЕУ во Русија Вигаудас Ушацкас.

„Европската унија нема никакво учество во овие спорови (кои доведоа до заплената на руска државна сопственост во низа европски земји), тоа е, колку што разбирам, судска одлука во која ни Европската комисија, ни владите на земјите од Европската унија немаат ни влијание ни глас“, потенцираше амбасадорот.

„Контрамерки може да има само кога тие се легитимни, кога имаат правна основа. Јас се надевам дека руската влада ќе го почитува меѓународното право и ќе се однесува во согласност со него“, ја коментираше Ушацкас изјавата на шефот на МНР РФ Сергеј Лавров за можни контрамерки во вид на заплена на европски имот на територијата на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња