Елена Пономарева, професор, доктор на политички науки, претседател на Меѓународниот институт за развој на научната соработка, настапи на конференцијата „Балкански дијалог 2015“ со темата „Спарување на просторот: реалии и перспективи на евроазиската интеграција“.
„Комбинирањето на капацитетот на сите евроазиски земји е од клучно значење. Клучната улога сега е доделена на Балканот, бидејќи овој регион самиот претставува органски мост меѓу Север и Југ, Исток и Запад и кој, во исто време, претставува буре барут на Европа. Значајна улога за тоа одигра битката на водечките светски земји, прво за „Јужен тек“, а потоа и за „Турски тек“.
Нема да ја заборавиме кризата во Македонија, каде што се случија вистински борби, или резолуцијата за Сребреница - сето ова се прави со цел да се понижат Србите. Проевропските сили во Србија одржуваат редовни конференции на тема „Србија: Меѓу Истокот и Западот" со поднаслов „Србија: Меѓу минатото и иднината“. Затоа е толку важно во моментов да се свртуваме кон политичките алтернативи. Патот на евроазискиот развој за Србија е добар пат - зашто земјата во оваа ситуација може да го преземе сето најдобро од сите земји постепено.
Светот, по две децении, повторно се сврте кон мултиполарен политички развој - без хегемонијата на еден учесник во играта. Но, важно е да се сфати дека за тоа мора многу да се работи. Исто така, добро е да се запамети дека поговорката „историјата не сака условно дејство“ не е сосема точна, затоа што историјата често зависи од своите владетели, и од тоа како ќе ја претстават подоцна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче