Денеска беше отворен XIX Петербуршки меѓународен економски форум кој традиционално ги собира политичките лидери и влијателни бизнисмени од целиот свет. Своето учество на форумот го потврдија 1669 претставници на бизнисот од Русија и уште од 65 земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Швајцарија, Јапонија, Велика Британија, Германија, Финска и Кина, пренесува РИА „Новости”.
„Како што покажуваат статистичките податоци, бројот на учесници ги надминува минатогодишните показатели“, истакна пред форумот потпретседателот на владата на РФ, шефот на организациониот комитет на форумот Сергеј Прихотко.
Претседателот на Русија Владимир Путин во Санкт Петербург ќе има средби со раководители на руски индустриски компании. Ќе стане збор и за развојот на малиот и среден бизнис во Русија.
Исто така, панирани се и билатерални средби на рускиот претседател со принцот на Саудиска Арабија и министерот за одбрана Мухамедом бен Салман, првиот заменик-премиер на Државниот совет на Кина Џан Гаоли, премиерот на Монголија Санџагин Бајар и со генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија Јукио Амано.
На 19 јуни претседателот на Русија ќе настапи на пленарното заседание на ПМЕФ. Се очекува истиот ден во рамките на форумот да се одржат преговори меѓу Владимир Путин и премиерот на Грција Алексис Ципрас и претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев.
Во рамките на ПМЕФ ќе бидат одржани и деловни форуми на Шангајската организација за соработка и БРИКС. Посебно внимание ќе биде посветени на развојот на регионалната интеграција, пред сѐ во рамките на Евроазискиот економски сојуз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче