Франција ѝ предала на Русија дел од технологијата за изградба на „Мистралите“

Франција ѝ ја предала на Русија технологијата за монтажа на големи блокови која е користена во текот на изградбата на носачите на хеликоптери „Мистрал“, соопшти за РИА „Новости“ директорот на одделението за военотехничка соработка на Обединетата корпорација за бродоградежништво Алексеј Дикиј.

„На основа на договорот меѓу Министерствата за одбрана на РФ и француската компанија „ДЦНС“ на Русија ѝ се предадени три типа технологии. Две беа преземени од Министерството за одбрана, а третата ја прими претпријатието „Адмиралтејские верфи“ (Бродоградилишта на адмиралитетот). Се работи за технологија за монтажа на големи блокови која е користена во текот на изградбата на „Мистралите“, изјави Дикиј на форумот „Армија-2015“

Тој истакна дека проектниот центар на компанијата „Адмиралтејские верфи” од француската страна го добил проектот на крмниот дел на „Мистралот“ и го прилагодил на производствените капацитети на Балтичкиот завод, каде е реализирана методата за монтажа на големи блокови.    

Дикиј истакна дека претпријатијата на руската Обединета корпорација за бродоградежништво на основа на договорот ги реализирале сите обврски кои се однесуваат на изградбата на крмниот дел на носачот на хеликоптери, дека добиле паричен надомест за својата работа и дека повеќе немаат врска со преговорите за понатамошната судбина на бродовите.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.