Белгискитеизвршители запленија имот на Русија вреден 1,7 милијарди евра, но не поради тужбата на „ЈУКОС“, изјавија од Европскиот суд за човекови права.
„Информацијата дека одлуките донесени во Белгија се засновани врз неизвршувањето од страна на Русија на одлуката на Судот по тужбата на „ЈУКОС“ е неточна“, се вели во соопштението на Европскиот суд за човекови права.
Од ЕСЧП напомнаа дека прашањето за извршување на одлуката на судот од страна на Русија се разгледува во комитетот на министри на Советот на Европа, пренесува „Би-Би-Си“.
Руските установи во Белгија, со исклучок на дипломатските претставништва, во средата добија од судски извршители судска одлука за заплена на државен имот на Русија.
Како што се соопштува, во документот е наведено дека конфискацијата се врши на основа на одлуката на белгискиот арбитражен суд од 18 јули 2014 година по тужбата на компанијата „Јукос Универзал Лимитед“.
На листата на извршителите се најдоа речиси сите големи банки, вклучувајќи белгиски и меѓународни. Покрај тоа, има и невладини организации, медиуми и дури и локалната епархија на Руската православна црква. Во следните две недели тие треба да дадат отчет за парите и имотот, пренесува „НТВ“.
Според европски медиуми, вредноста на запленетиот имот изнесува 1,7 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче