Вашингтон: САД заедно со Русија ќе работат на деескалација во Украина

САД заедно со Русија ќе работат на деескалација на ситуацијата на југоистокот на Украина, но истовремено имаат намера да продолжат со поддршка на украинската влада, изјави во вторникот портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

САД заедно со Русија ќе работат на деескалација на ситуацијата на југоистокот на Украина, но истовремено имаат намера да продолжат со поддршка на украинската влада, изјави во вторникот портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

„Ние како и претходно ќе ги фокусираме напорите на поддршка на украинската влада по пат на давање воена, како и некаква економска помош. Ние јасно им дадовме до знаење на Русите дека постои можност да се дојде до деескалација на ситуацијата во Украина, да се исполнат обврските преземени во Минска и да се почне со враќањето во меѓународната заедница“, изјави портпаролот на претседателот на САД.

Според зборовите на претставникот на Белата куќа, западните санкции ѝ нанеле штета на руската економија, сепак со нивна помош сѐ уште не е постигната смена на политиката на Русија.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја призна Минската спогодба како најприфатлив „пат за деескалација на ситуацијата“ во Украина и дури и ја нарече во еден момент „единствено решение“ за конфликтот на истокот на Украина. Но истовремено тој истакна дека успехот на оваа спогодба зависи од дипломатските напори, имањето силна и сигурна украинска армија и единството на САД и ЕУ во спротивставувањето на „руската агресија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња