Путин: Русија се залага против легализација на лесната дрога

Претседателот на РФ наложи да се засили работата на безбедносните структури за пресекување на шверцот на дрога од странство во РФ, како и за дистрибуцијата на дрога преку интернет, пренесува ТАСС.

Русија се залага против легализацијата на таканаречената лесна дрога, оваа позиција треба поактивно да се промовира на меѓународна сцена, пренесува ТАСС.  

Ова го изјави претседателот на РФ Владимир Путин на седницата на президиумот на Државниот совет, посветена на реализацијата на државната политика против дрогата.

„Ние безусловно се залагаме против таквите пристапи (на низа земји за легализација) и ова гледиште е неопходно поактивно да го промовираме на сите меѓународни полиња“, изјави шефот на руската држава.

Според неговото мислење, низа држави почнаа вистинска кампања за легализација на некои видови супстанци, таканаречени лесни дроги.

Истовремено Путин ја потенцираше важноста на меѓународната соработка во сферата на борбата со дрогата, истакнувајќи дека, согласно практиката, успесите во борбата со дрогата директно зависат од тесната соработка со меѓународните структури и соодветните органи на странските земји. „Многу нешта зависат од постојаната размена на информации и искуството во работата, а по потреба треба да се спроведуваат и заеднички оперативни и информативни мерки“, изјави претседателот Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.