Подготвен договорот меѓу Русија и Грција за „Турски тек“

Политичкиот договор меѓу Русија и Грција за поддршка на гасоводот како продолжение на „Турски тек“ е подготвен за потпишување, соопшти министерот за индустриски реформи, животна средина и енергетика на Грција Панајотис Лафазанис, пренесува РИА „Новости“.

„Грчката делегација патува за Санкт Петербург или Ленинград – како сакате – на економскиот форум. Ние имаме намера да ги развиваме нашите добри релации и ќе имаме можност... да потпишеме политички договор Русија-Грција за поддршка на гасоводот со руски гас на грчка територија“, изјави Лафазанис, пренесува  РИА „Новости“.

На прашањето дали нешто ќе му пречи на патувањето во врска со сложената ситуација околу преговорите на премиерот на Грција Алексис Ципрас за регулирање на грчкиот долг, министерот одговори: „Не, тој ќе патува. Ќе патува наша владина делегација на чело со премиерот Ципрас“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња