Нуланд: Ќе ѝ подадеме рака на Русија штом ќе престане да ги прекршува правилата

САД се заинтересирани односите со Русија да се развиваат во позитивен колосек, затоа ја оставаат вратата отворена, изјави Викторија Нуланд

Во интервју за шведскиот канал „СВТ“ помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон како и претходно е заинтересиран за добри односи со Русија.

Нуланд истакна дека било мошне сложено да се предвидат одлуките на Русија во последно време, а во врска со Крим и Украина воопшто не успеале.

„Очигледно е дека е во наш интерес Русија да направи друг избор – како во Украина, така и во поширокиот контекст на односите со САД“, изјави таа во текот на својата посета на Шведска. „Затоа ние треба да ја држиме вратата отворена и да бидеме подготвени да им подадеме рака на оние Руси кои исто така сакаат односите да бидат поинакви“.

Истовремено Нуланд потенцираше дека изборот во секој случај останува на Москва: ќе сака ли Путин порано или подоцна да влезе низ таа отворена врата, соопштува „СВТ“.

САД можат плодотворно да соработуваат со Русија во случај таа да сака да ги почитува правилата на меѓународниот систем и да се движи кон поотворен, потолерантен и подемократски систем. Меѓутоа, ако Кремљ „ги нарушува правилата на игра, да ги напаѓа соседите, да искажува агресија и врши притисок“, цената на таквото однесување ќе биде ограничување на односите, изолација и економски санкции, изјави Нуланд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња