Шефовите на руската и германската дипломатија Сергеј Лавров и Франк Валтер Штајнмаер во текот на телефонскиот разговор дискутирале за ситуацијата во Донбас, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува „Взгљад”.
„Централна тема на разговорот беше ситуацијата во Украина и задачите за понатамошна соработка во „Нормандиски формат“, со цел потполна реализација на Минската спогодба од 12 февруари“, пишува на веб-сајтот на МНР Русија.
„Во текот на разговорите за заседанието на контакт-групата и нејзините работни подгрупи на 16 јуни во Минск, шефовите на дипломатиите изразија заинтересираност за дополнително усогласување на прашањето за режимот на прекин на огнот, како и за решавање на хуманитарните проблеми и почеток на политичкиот процес преку организација на директен дијалог на Киев со Донецк и Луганск. Истакната е и неопходноста за итно запирање на борбените интервенции на истокот на Украина, а пред сѐ во населените места“, се наведува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче