Кремљ одговори на обвинувањата на Столтенберг

Русија не повлекува никакви потези кои можат да предизвикаат загриженост кај Западот на планот на безбедноста, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Русија не повлекува никакви потези кои можат да предизвикаат загриженост кај Западот на планот на безбедноста, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков. Тој објасни дека сите потези кои Русија е принудена да ги повлекува се возвратни мерки.

„Русија не се приближува до ничии граници, туку воената инфраструктура на НАТО е приближува до границите на Русија и презема чекори со цел да се промени стратешката рамнотежа на силите“, потсети претставникот на Кремљ на изјавата на претседателот на Русија од вчерашната прес-конференција. 

Според зборовите на Песков, „се разбира, тоа (приближувањето на воената инфраструктура на НАТО до границите на РФ)  не може да не предизвика загриженост кај Русија и, како што објасни претседателот, сето тоа, се разбира, ја наведува Русија да преземе мерки за обезбедување на своите интереси, како и паритет“. „Затоа од зборовите на претседателот на РФ не произлегува дека во тоа нема ништо што би требало да предизвика нечија загриженост“, истакна Песков.   

Портпаролот на тој начин ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за наводната „нуклеарна реторика“ на Владимир Путин.

„Претседателот на Русија доволно аргументирано го изложува ставот на Русија во сферата на стратешката безбедност и ефектот на одвраќање што го има нуклеарното оружје. Тешко дека некој може да го оспори тоа“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња