Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ одобрија продолжување на економските санкции против Русија за шест месеци, до крајот на јануари 2016 година, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на извори.
Комитетот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ денеска дискутираше за продолжување на економските мерки на ограничување против Русија и санкциите против Крим.
„Засега ништо не можам да кажам, кога ќе има одлука тогаш ќе можам да коментирам. Засега е рано“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во врска со продолжувањето на санкциите.
Што се однесува до возвратни санкции, според зборовите на претставникот на Кремљ, „за сѐ важи принципот на реципроцитет, но тука треба да се почека на некакви одлуки“. „Засега нема одлуки“, потенцираше Песков.
Конечна официјална одлука за продолжување на санкциите ќе треба да се донесе на ниво на Советот на министрите на земјите-членки на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче