Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја критикуваше одлуката на Русија за засилување на нуклеарните сили, пренесува „Интерфакс“.
„Оваа воинствена реторика на Русија е неоправдана, опасна и игра дестабилизирачка улога... Изјавите што ги слушнавме од претседателот Путин само го потврдуваат однесувањето кое Русија го има мошне долго време“, изјави генералниот секретар денеска на прес-конференција во Брисел.
Според неговите зборови, распоредувањето на дополнителни сили на НАТО во источноевропските земји е диктирано од дејствата на Русија во врска со ситуацијата околу Украина.
„Ние го зголемуваме присуството во источниот дел на Алијансата како одговор на новоизменетата архитектура на безбедност, како одговор на поагресивното однесување на Русија во Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО
Тој потенцираше дека сите дејствија на НАТО во целост одговараат на меѓународните обврски и договори на Алијансата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче