„Годинава 40 интерконтинентални проектили од нова генерација ќе влезат во состав на вооружувањето. Тие се во состојба да ги пробијат најсовршените системи за противракетна одбрана“, рече Путин на отворањето на меѓународниот форум „Армија-2015“.
Путин најави дека во наредните неколку месеци ќе биде извршено тестирање на радар со долг радиус што треба да го потврди владата. „Кога ќе станат оперативни тие ќе можат да ја контролираат стратешката зона“, рече Путин, а пренесува ТАСС.
Почнувајќи од 2015, идентичен радар ќе биде направен и за источната зона, додаде тој.
Путин рече и дека идниот изглед на руските вооружени сили во голема мера ќе бидат определени од примероците на борбените роботи и системите за контрола.
„Опремувањето на војската со најсовремена опрема е клучната задача во изградбата на нашиот одбранбениот капацитет. Ние секогаш обрнувавме внимание на спроведувањето на големите државни програми за вооружување и модернизација на нашиот одбранбено-индустриски комплекс, што ќе го правиме и во иднина“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче