Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека не е неопходно да се исплатат еврообврзниците во вредност од 3 милијарди долари купени од страна на Русија, затоа што, како што изјави тој, тие биле „мито за Јанукович”, пренесува ТАСС.
Според неговото мислење, ситуацијата со добивањето руски кредит кон крајот на 2013 годна била со сомнителен карактер. „Првенствено сфаќам дека тоа било мито кое следеше веднаш по одбивањето на Јанукович да ја потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ во Вилнус, изјави Порошенко во интервју за „Блумберг“.
Украинскиот претседател рече дека е неопходен „одговорен пристап“ во врска со подготвеноста за враќање на долгот. „Ние ги создадовме сите услови за владата, а министерот за финансии треба да донесе одговорна одлука”, одговори украинскиот лидер на прашањето дали Киев на 20 јуни ќе ѝ исплати 75 милиони долари на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче