Федералната служба за безбедност и другите специјални служби на Русија ја држат под постојана контрола ситуацијата поврзана со вовлекувањето граѓани во редовите на забранетата во Русија терористичка организација „Исламска држава“ (ИД).
Ова го изјави пред новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на барањето да ги коментира наводните случаи на врбување на руски студенти од страна на Исламската држава, пренесува ТАСС.
„Влијанието на терористичките организации, идеологијата на фундаментализмот и екстремизмот – тоа е она што се наоѓа во сферата на „НАК“ (Националниот антитерористички комитет), тоа е она со кое според законот се занимава ФСБ, тоа е сферата на нивните овластувања“, изјави претставникот на Кремљ.
„Тоа е многу сериозно прашање, тоа е многу сериозен процес и сите специјални служби и другите институции постојано внимаваат на ова прашање“, потенцираше Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче